„Водовод и канализација“ – Скопје: Канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и шут

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денеска информира дека по пријавите и жалбите на граѓаните од улицата „Скупи“, крак 22, за запушена канализација, нивните тимови излегле на терен и со помош на механизација и рачно чистење ја отпушиле канализациската линија.

-Загрижувачка е сликата од терен, односно причината за запушување на канализациската линија. Беа извадени столови, шут и други предмет, стои во соопштението.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје апелира и повикува на граѓанска одговорност и потсетува дека канализацискиот систем не е депонија, ниту место за одлагање на отпад и/или шут.

-Ги повикуваме граѓаните да не го употребуваат канализацискиот систем како контејнер. Во секоја општина редовно има повици и телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават и да им се отстрани кабастиот отпад или шутот, бесплатно, или да го однесат во контејнерите што се наменети за тоа. Бидете одговорни за себе и за другите, се вели во соопштението од „Водовод и канализација“ – Скопје.

Back to top button
Close