„Волстрит џурнал“: САД утврдија дека Украина не ја нападнала резиденцијата на Путин со дронови
Претставници на Агенцијата за национална безбедност на САД утврдија дека Украина не ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин со дронови, објави „Волстрит џурнал“.

Русија минатата недела објави дека Украина ја нападнала резиденцијата на рускиот претседател во Валдај, Новгородска област, со 91 дрон со долг дострел.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече тврдењето „лага“.






