Вонреден инспекциски надзор во пицерија – ресторан во Гостивар откако деветмина гостиварци се затруле со храна

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство, денес во Гостивар, спроведоа вонреден инспекциски надзор во пицерија ресторан, по добиена информација од гостиварскиот Центар за јавно здравје дека вчера 9 лица биле пријавени со симптоми за труење со храна.

Pulled pork sweet bun with mixed lettuce leaves on blue background

Согласно Упатството за постапување по алиментарни интоксикации, земени се мостри за лабораториско испитување од инкриминараната храна (пилешки стек, свежа марула и мајонез) и брисеви од работните површини, опремата и приборот и од вработените лица.

На операторот со храна наредени му се превентивни мерки за темелно механичко и хемиско чистење на објектот, опремата и приборот, вонредна дезинфекција и вршење на вонредни санитарни прегледи на вработените лица.

Од страна на инспекциските служби времено е затворена кујната, до добивање на резултатите од земените примероци за лабораториско испитување.

АХВ апелира во услови на високи надворешни темеператури, и операторите и потрошувачите да внимаваат на безбедноста на храната со цел спречување на ризици од појава на можно труење со храна

Back to top button
Close