Вонредна инспекција во болницата во Битола

 

Вонреден инспекциски надзор ќе биде извршен во болницата во Битола, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа дека додека пациент прима инфузија во истата просторија на други болнички кревети лежат починати пациенти.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најавува дека со вонредната инспекција на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе утврди фактичката состојба во дневната болница.

Претходно, д-р Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница го информирала Министерството за здравство дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.

„Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: ‘Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето’. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола“,

информираат од Министерството.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Back to top button
Close