Вонредна инспекција во градинката во Шуто Оризари по наводите за повреденото 11-месечно бебе


По наводите за 11-месечното бебе, чии родители тврдат дека се повредило поради невнимание на две негувателки во градинката „8 Април“ во скопско Шуто Оризари , денеска во градинката е извршен вонреден инспекциски надзор, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

До Министерството, како што додаваат оттаму, не е стигната официјална претставка за конкретниот случај, а вонредниот инспекциски надзор се врши по службена должност и по допрен глас во медиумите.

„Земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Директорката на градинката е задолжена да започне постапка со која ќе се утврди фактичката состојба или евентуалната вина на вработените во установата за згрижување на детето“,

посочуваат од Министерството.

Back to top button
Close