Вонредна седница на бугарската Влада поради зголемениот број на заболени од Ковид-19

 Поради зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржа седница на Владата, на која беше разговарано за натамошните мерки.

– Премиерот Борисов беше информиран дека исклучително внимателно се следи ситуацијата и оти почнува масовна контрола за почитување на мерките, се наведува во соопштението на бугарската Влада.

Додека бугарското Министерството за здравство на вонредна прес-конференција соопшти дека од утре е обврзно носењето маски во затворен простор односно во продавници, во трговски центри, на спортски настани, како и во кина и театри, објави Министерството за здравство на вонредна прес-конференција.

Back to top button
Close