Вонредна состојба прогласена на територијата на девет општини во Србија

Вонредна состојба е прогласена на територијата на девет општини, односно на целата територија на градот Лозница, Ваљево, општина Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Владимирци, Мајданпек, Сјеница, како и на дел од територијата на општина Пријепоље во Србија.

Според извештаите од тој сектор, од почетокот на снежните врнежи, од 4 јануари до 6:00 часот утрово, секторот за вонредни ситуации имал 72 интервенции, ангажирани биле 175 пожарникари-спасувачи, со 77 возила, 19 пумпи и три чамци, пренесува РТС.

Најголемиот број интервенции се однесувале на отстранување на паднати дрвја, 45, испумпување вода, помош на екипи за вонредни ситуации, а од 4 јануари до денес се евакуирани 30 лица.

Давор Видовиќ, помошник-началник на Управата за противпожарни и спасувачки единици на Српската противпожарна и спасувачка служба, изјави дека сè уште има проблеми во снабдувањето со електрична енергија во административните области Мачван, Колубар, Златибор, како и Моравички и Бор.

Видовиќ истакна дека патиштата во Србија од прва и втора категорија се проодни, како и дека сè уште има одредена количина снег на патиштата, но дека снегот е влажен и висок до 5 сантиметри.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close