Вооружен грабеж на банка во скопски Илинден

Ограбена е банка во скопската населба Илинден.

Според првичните информации, украдена е голема сума на пари, а осомничениот бил маскиран и вооружен.

Како што се соопштува, во настанот нема повредени лица. Идентитетот на ограбувачот е непознат, а според очевидци на настанот, тој со парите побегнал во непознат правец.

Во моментов полицијата врши увид, а официјални информации за настанот од МВР се очекуваат во текот на денот.

Back to top button
Close