Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети

Две лица се ранети откако напаѓач вчера отворил оган во продавница во округот Обухив, Киевска област, јавија украинските медиуми.

Напаѓачот е фатен, соопшти Националната полиција.

Според украинските власти, инцидентот се случил вчера попладне, кога полицијата добила дојава дека непознат маж влегол во продавница во областа Обухив и почнал да пука.

Напаѓачот ги ранил продавачот и сопственикот на објектот, а потоа избегал.

Полицијата пристигнала на местото на инцидентот, повикала лекарска помош, го идентификувала напаѓачот и почнала акција за негово апсење.

Се работи за 36-годишен локален жител со досие, кој за ова дело се соочува со казна затвор од седум години.

Повредените лица не се во животна опасност.

Back to top button
Close