Вооружена Палестинка убиена на контролен пункт на Западниот брег

Израелската полиција денеска соопшти дека Палестинка, која наводно планирала да изврши напад со нож, е убиена на контролен пункт во Ерусалим.

Таа била убиена од чувар на контролниот пункт Каландија, кој забележал дека носи нож.

Полицијата подоцна објави дека е убиена 28-годишна Палестинка.

Каландија е главниот премин преку кој палестинските жители од Западниот брег влегуваат во Израел, главно оние кои одат во Ерусалим.

Контролниот пункт го чуваат приватни компании за безбедност, а израелската полиција е распоредена таму по насилните инциденти.

Официјалната палестинска новинска агенција Вафа денеска јави дека израелските сили го затвориле преминот од двете страни.

Back to top button
Close