Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
Денеска напладне од експозитура на банка во центарот на Скопје вооружени лица одзеле пари од вработените, а едно од лицата отворило и оган, информираат од МВР за „360 степени“.
„На 08.3.2022 во 12:35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одзеле пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум – велат од МВР.
Оттаму додаваат и дека нема повредени лица во инцидентот и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, а повеќе информации најавуваат за подоцна.