Воспоставивме вредности коишто 30 години ги немаше, вели Николовски

Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата којашто ја немаше 30 години и се немаше храброст за многу работи да се направат,  оваа позиција за којашто многу очекуваа и бараа да се укине е меѓународно признаена и на барање на меѓународните партнери и поддржувачи и во разговори со новиот мандатар имаат констатирано дека оваа позиција мора да опстои, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски во денешното интервју во Утрински брифинг.

При тоа, Николовски посочи дека за прв пат е донесен План за борба против корупција, а веќе е подготвен и и нов План за борба против корупција 2022 за наредниот период. Има 18 мерки коишто веќе се имплементирани од претходниот План, и затоа  е изготвен нов План за борба против корупција, рече Николовски.

 

Back to top button
Close