Воз удрил во комбе на железничкиот премин во Лопате, двајца повредени

Две лица се повредени утринава откако во нивното комбе удрил воз кој сообраќал на релацијата Скопје – Табановце на железничкиот премин во кумановското село Лопате.

Воз удрил во комбе на железничкиот премин во Лопате, двајца повредени

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Железничкиот собраќај е нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.

Извор: Кумановоњуз

 

Back to top button
Close