Воз удрил жена во Маџари

Патнички воз утрово удрил жена кај железничката станица во населбата Маџари, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.

„Од страна на дежурниот во ЈП „Железници“, добиена е информација дека во 09.19 часот, патничкиот воз број 601 кој сообраќал на релација Табановце –Скопје на самата железничка станица Маџари удрил во женско лице. Од страна на комисија од ЈП „Железници“ и полиција направен е увид, а повреденото лице од страна на Брза помош пренесено на скопските клиники“.

Back to top button
Close