Возач со џип се залетал во средношколци кои биле на блокада во Србија

Возач со џип денеска се залетал во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“.

Инцидент беше спречен бидејќи во близина имаше полицајци, по што возачот се врати во автомобилот и замина од местото, пишува порталот.

Учениците од гимназијата во Бечеј кои се во блокада и кои поминаа две ноќи во училиштето, денеска соопштија дека се разочарани од одлуката на Училишниот одбор наставата да продолжи за учениците кои сакаат да ја посетуваат.

Протестите на студентите поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 15 луѓе, траат веќе три и пол месеци и тие во меѓувреме прераснаа во широки изрази на незадоволство од корупцијата и од состојбата во која се наоѓа српското општество

Back to top button
Close