Возач удрил пешак во Гостивар па избегал

СВР Тетово информира дека вчера (23.05.2025) во 11.20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило удрило во пешакот 76 годишниот гостиварец Б.М., по што возачот со возилото го напуштил местото.

„Околу 17.00 часот пешакот бил примен во Медицинскиот центар Гостивар, при што му се констатирани тешки телесни повреди. Запознаен бил Јавен обвинител и по негова наредба извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.“, извести полицијата

Back to top button
Close