Возач удрил пешак во Охрид и избегал: на повредениот му нашле 1,69 промили алкохол во крвта

Сообраќајна незгода со бегство од местото на настанот се случила доцна синоќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, на 24 јануари 2026 година околу 23:50 часот, патничко возило удрило во пешакот Б.С. (49) од Охрид, по што возачот без да застане го напуштил местото на несреќата. Повредениот пешак со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани телесни повреди.

При медицинскиот преглед било утврдено и присуство на алкохол во крвта на пешакот, односно 1,69 промили.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање и идентификување на возачот на автомобилот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close