Возач во Тетово имал 3,94 промили алкохол во крвта

СВР Тетово информира дека ноќеска во 1:30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, сообраќајни полицајци го лишиле од слобода Ј.С.(47) од градот. Претходно, тој со неговото патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски таблички учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди“ со хрватски национални ознаки во која е причинета само материјална штета.
-При преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека Ј.С. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,94 промили алкохол во крвта, соопшти СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.





