Возачи на ЈСП од среда на протест, надлежните тврдат дека мотивот им е политички

Возачите на ЈСП „Скопје во среда излегуваат на протест во обид да го искажат својот револт поради ниските плати и како што велат оттаму, тешките услови за работа. Протестот е организиран од страна на Независниот синдикат на возачите и според најавите ќе се реализира на 15, 16 и на 17 јуни, во периодот од 11 до 12 часот пред дирекцијата на ЈСП „Скопје“.

Со свој став околу најавениот протест на возачите, излегоа и надлежните од ЈСП „Скопје“ според кои, вака најавениот протест како што велат е политички мотивиран и истиот е штетен за граѓаните бидејќи, одлука за зголемување на платите на возачите веќе била донесена.

– Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП „Скопје“, сакаме да информираме и укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејствија се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз. Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ на 19.04. 2022 год ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2800,00 денари. Поради ова ги осудуваме ваквите дејствија и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ нема да се допринесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП Скопје, туку, напротив ќе доведат до непоправлива штета која негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто – стои во соопштението на ЈСП „Скопје“.

Back to top button
Close