Возачите што патуваат во Грција ќе мора да носат нов тип комплет за прва помош од 18 јуни

Здружението на работодавачи на превозни трговски друштва во Република Македонија, Макам-транс преку објава на социјалните мрежи информира дека од 18 јуни 2026 година сите возила што влегуваат во Грција ќе мора задолжително да поседуваат нов, проширен комплет за прва помош.

\Според известувањето, новиот комплет треба да содржи 16 специфични предмети, меѓу кои специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници.Од асоцијацијата посочуваат дека сопствениците и возачите на возилата ќе имаат обврска редовно да ја проверуваат валидноста на секој предмет во комплетот и навремено да ги обновуваат материјалите, особено во летниот период.

„Фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со CE, во согласност со регулативата на Европската Унија за медицински помагала“, наведуваат од Макам-транс.

Доколку при полициска контрола се утврди дека возилото не го поседува потребниот комплет за прва помош, предвидена е парична казна од 30 евра. објави Скопје1.мк

Back to top button
Close