Возачот на брзата помош од Прилеп ја изгуби битката со Ковид-19

Возачот во прилепската Брза помош Гоце Илиески, за кого цела Македонија собираше донации за лекување, ја загуби битката со корона вирусот.

И покрај желбата на целата нација Гоце Илиески, на 42 години, повторно да застане на нозе и да спасува животи, денеска засекогаш н напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца – стои во објавата за неговата смрт.

Со Ковид-19 се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.

Back to top button
Close