Возачот што го усмрти Југо спроведен во Шутка
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и му определи затворски притвор на Фатон Љ. кој го прегази 68-годишниот Југослав Николовски на пешачка патека кај паркот на Франкофонијата, пренесе Слободен печат.
Оваа одлука следува откако првично по сообраќајката му беше одреден куќен притвор по што обвинителството поднесе жалба.
Oд судот информираат дека моторџијата е веќе спроведен во затворот во Шутка.