Возачот што прегази 11-годишно девојче на пешачки во Велес призна вина

Признавам вина и им се извинувам и на семејството и на јавноста.

Со овие зборови денеска во судот во Велес возачот призна вина за прегазувањето на 11-годишното девојче на 17 декември лани, јави ТВ 24.

Обвинет за сообраќајната несреќа беше 30-годишниот Ангелче Николов.

Обвинителката Славица Темелковски, како што јави телевизијата, побара од судот при изрекувањето на пресудата да го има предвид тоа што Николов претходно двапати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба и тоа што два дена се криеше од органите за прогон.

Објавувањето на пресудата е закажано за в петок (17 март 2023 г.).

Кобната ноќ сообраќајката се случи на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, кога тој со автомобил „мерцедес“ удри во девојчето и мајката.

Девојчето почина на самото место, а мајката се здоби со телесни повреди. Возачот тогаш избега од местото на несреќата, а по два дена се пријави во полиција.

Back to top button
Close