Воздухот во Скопје изгледа како да е загаден, но параметрите на штетни честички не се алармантни – вели Мицкоски


Иако визуелно изгледа дека воздухот во Скопје е загаден, сепак испитуваните параметри на штетни честички не се така алармантни. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гази Баба коментирајќи го квалитетот нс воздухот во главниот град откако вчера попладне избувна пожар во депонијата „Дрисла“, а граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии на кои се гледа дека густ чад се шири над Скопје.

Од денешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Општина Гази Баба / Фото: Фејсбук
„Нема зголемени такви параметри што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни. Но, лошо е да се прави тоа. И ќе се прави и има шричина зошто се прави. Затоа го поставив прашањето на кого му одговара ова да се случува сега. Кога ќе дадете одговор на ова прашање, ќе ви стане јасно кој и зошто го прави“,

рече тој.
Инаку, пожарот на депонијата „Дрисла“ што избувна вчера во 15:15 часот сè уште е активен. Наместо со вода, се гаси со затрупување на најкритичните делови. Оваа мерка е донесена откако претходните обиди за гаснење со вода не дале резултати.

За депонијата во Вардариште што исто така гореше пред десетина дена рече дека е создавана 35 години, а можеби и повеќе. Сепак, најави нејзино решение.

„Ќе ја решиме депонијата во Вардариште и ‘Дрисла’, која треба да личи на модерна европска депонија со фабрика, што ќе произведува енергија и ќе го произведува, складира и рециклира отпадот“,рече премиерот

Додаде дека ќе биде јавно-приватно партнерство, со јавен тендер и јасни критеериуми.

„Уште од сега ви кажувам дека ќе има некои невладини што ќе бидат против. Но, мора да се издржи и да се бориме“,

рече Мицкоски.
Според него, оваа влада за првпат ги уапси оние што нелегално топат кабли во Вардариште за да извадат бакар, со цел да го продаваат.

Очекува надминување на проблемот со палењето на депониите по денешниот координативен состанок.

„Не постои ад хок решение. Метанот што зрачи се пали со еден отпушок. Не треба многу да си креативен или диврзант, само со еден отпушок се пали и тоа ни го прават секој ден“,вели тој.

Секој обид за решевање на
проблемот со депониите и изградба на регионални центри за складирање и преработка на отпадот се појавувале невладини организации и политичари што реагираат зошто кај нив да се гради таков капацитет.

Back to top button
Close