Возење велосипед во Куманово по повод Европска недела на мобилност

Во рамки на Европска недела на мобилност, денеска во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, отсекот за превенција од СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот организираа ревијално возење на велосипед во кој учествуваа ученици, членови на општинските тимови за безбедност во сообраќајот и претставници од велосипедскиот клуб Вело М.

На останатите учесници во сообраќајот на возачите им беа поделени флаери и заштитини маски за почитување на правилата и прописите.

Користењето на велосипедот има повеќе бенефиции за граѓаните, побрзо стигнување со саканите дестинации особено во урбана средина, поефикасно е и нема проблеми со паркирањето и се намалува сообраќајниот метеж. Сепак, во државата на годишно ниво на патиштата жвотот го губат околу десетина велосипедисти, па затоа преку вакви кампањи се настојува да се едуцираат граѓаните за одговорно учество во сообраќајот.

Ристо Манчев од РСБСП вели дека целта во рамките на оваа европска недела на мобилност, е да се промовираат алтернативните форми на мобилност, пред сè велосипедизмот. Ова мислење го дели и Виолета Богдановска од отсекот за превенција која смета дека само едуцирани учесници во сообраќајот можат да придонесат за безбедно учество на сите учесници, без разлика дали се пешаци, возачи или велосипедисти.

Претседателот на велосипедскиот клуб во Куманово, Марјан Петровски вели дека во Куманово има две патеки од кои едната може да се користи,( на булеварот „Октомвриска револуција“) бидејќи е оградена, а втората на булеварот „Трета МУБ“ велосипедистите не можат да ја користат, бидејќи е узурпирана од автомобили. Тој се надева дека со заложби на општината и другите фактори ќе се стави во функција и оваа велосипедска патека.

Back to top button
Close