Возењето мотор со четири тркала на Шар Планина, за три девојки заврши со болница

Три девојки, на возраст од 18 до 25 години, возејќи се на четирицикл излетале од пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, соопшти полицијата. Тешки повреди има најстарата, која го возела четирициклот, но и двете други учеснички во несреќата завршиле во тетовската болница.

„На 17.06.2026 во 13:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локален пат с.Вејце-с.Селце, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од с.Селце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., додека со телесни повреди нејзините сопатнички Е.Б.(18) и В.Т.(20), двете од с.Селце, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од екипа на СВР Тетово“, пишува во полицискиот билтен.

Back to top button
Close