Возејќи мотор фатил дете за рака и го влечел по улица во Драчево

Во Драчево вчера бил пријавен инцидент во кој 12-годишно дете паднало и било влечено по улица по контакт со мотор во движење.

Како што информира Министерство за внатрешни работи, на 25 мај околу 14:00 часот во СВР Скопје, Б.С.(71) од Скопје пријавил дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица во Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице.

Според пријавата, сопатник на моторот бил А.Х.(18) од Скопје, кого детето го познавало. Во еден момент А.Х. го фатил детето за рака, а моторот продолжил да се движи, по што малолетникот паднал и бил влечен по улицата.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close