Возете внимателно! Патиштата се подмрзнати – зимската опрема е задолжителна

Возете внимателно со оглед дека на патиштата низ земјава има заледени површинии.
Доцна синоќа, надлежните издадоа апел и предупредување за појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваа брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели, на одделни патни правци.
– Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема, порачаа вчера од Центарот за управување со кризи.
Вчера имаше интензивни врнежи на снег на Попова Шапка.
Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата.
– Од 21:00ч. поради интензивни врнежи на снег е задолжително употреба на зимска опрема (ланци) на патнот правец с.Лисец – Попова Шапка, информираа синоќа од Авто мото сојузот на Македонија.
Центарот за управување со кризи вечерва информира за тешко проодни патни правци во западниот дел на државата. На Единствениот повикувачки број 112 пријавени се повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат.
Едно возило заврши во Радика – двајца загинаа
Две лица се загинати, возачот и сопатникот во автомобилот во сообраќајката која се случи во близина на „Св.Јован Бигорски“, вчера. Имено, возачот прво изгубил контролa на возилото, по што возилото заврши во реката Радика.
„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолкцваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото. Увид на лице место е во тек“, велат од МВР.
Сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар беше во прекин поради извлекување на автомобилот со настраданите.
АМСМ: Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица
ЗАТВОРЕН ПАТ: Патот кон ХЕЦ Козјак е непрооден од голомразица.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово е нормализиран.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
РАБОТИ НА ПАТ:
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101.
На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).
На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел од делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.
Од 12.09.2025 (петок) се започнучува со градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно ќе се воспостави времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.
Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.
14.06.2024
Прилеп-Крушево -Сладуево
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.
01.10.2023
Кичево – Охрид А2
На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.
08.11.2023
ГП Блаце – Скопје А4
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај, согласно кој на 2 км пред граничниот премин Блаце, на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека).
01.04.2024
Ново Лагово – Тополчани
Известување за времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 на потег од Ново Лагово до Тополчани, заради изведување на градежни активности во врска со проект Коридор 8 и Автопат 10 Д,патишта во Секција 4 км . Сообраќајот се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
01.01.2024
Информации за движење низ ЈАСЕН
Скопје – Македонски Брод
од 07:30 – 09:00
од 12:00 – 12:45
од 16:00 – 18:00
Македонски Брод – Скопје
од 06:00 – 07:00
од 10:30 – 11:00
од 13:00 – 13:45
од 18:30 – 20:00
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ упати апел до сите учесници во сообраќајот да не тргнуваат на пат без итна потреба и да бидат особено внимателни во ноќта меѓу сабота и недела.
„Апелираме до возачите да не тргнуваат на пат без итна потреба, а доколку сепак патуваат, задолжително да имаат зимска опрема и синџири, како и строго да ги почитуваат ограничувањата на брзината“, соопштија од „Патишта на Србија“.
Јужен ветар ќе донесе повисоки температури
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Најстудено во Струмица, намногу дожд во Лазарополе
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид.
Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри на м2, 12 во Пожаране, 9 Маврови Анови, 3 Попова Шапка, 2 Крушево и 1 л/м2 во Охрид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Извор: nezavisen.mk






