Возите кон Грција? Внимавајте на големи дупки меѓу граничните премини!
Фејсбук страницата „Грчка Инфо“ упати апел до граѓаните да внимаваат на големите дупки кои се наоѓаат меѓу граничните премини Богородица и Евзони.
Како што велат, постојат уште од минатата година.
„Се наоѓаат на потегот од Богородица кон Евзони.
Овие оштетувања на коловозот секојдневно предизвикуваат штета на возилата, а се чини дека никој не планира да ги обележи, а уште помалку да ги санира.
Уште еднаш ве повикуваме да бидете претпазливи – дупките се тешко забележливи и дење и ноќе“, велат тие (4news)