(ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА) Сведоштво од Кочани: Ме направија инвалид и ме оставија да умрам, а уште се на слобода

Од здрава жена од мене направија инвалид, ми го уништија животот и ми го зедоа здравјето, а сторителите се уште се шетаат слободно – за ,,Фокус” раскажала Зилхаде Шаинова (59) од Кочани, вдовица, позната во градот како жена која чесно си го заработува лебот и која повеќе од 25 години има своја продавница за прехранбени производи.

Раскажува дека живее сама во зграда во близина на Центарот за социјални работи, а продавницата и била кај Ромското маало. Настанот кој и го променил животот од корен се случил на седми ноември 2020 година, кога околу 22 часот се враќала дома од работа.

-Стигнав пред зградата во која живеам, забележав две лица во кола како седат, ги знам кои се. Како влегов во влезот, други две лица, ме фатија, во рака го држев клучот од влезната врата за да си отклучам дома, започнаа да ме удираат по главата, многу силни удари, последно што памтам беше пресилен удар и како еден од напаѓачите вика – Ја отепа жената.

Наредното утро, мојата ќерка дознала дека не сум во продавница, се загрижила и веднаш дошла кај мене дома. Ме нашла без свест внатре во станот, напаѓачите со мојот клуч отклучиле, ме внесиле внатре, ме ограбиле и ме оставиле да умрам, тешко повредена, без свест.

Итна помош, полиција, ќерка ми и зет ми алармирале, со возило на Итната медицинска помош ме пренеле во болница во Штип. По пат сум доживеала клиничка смрт, ни самата не знам како се вратив назад и како денес сум уште жива. Од ударите по глава сум добила внатрешно крварење, минав низ тешка операција и долг период на рехабилитација

Повеќе

 

Back to top button
Close