(Видео) ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Кајшаров ќе „исцелува“ во сабота.

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.

Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.

Покрај оваа информација тој сподели и видео од праксата на „истерување демони и нечисти сили“.

Контроверзниот надрилекар кој своевремено беше пејач, биоенергичар, кинезитерапевт и познавач на фреквенциите,, па така многумина се чудат како и вакво нешто излегло во јавност, но и каде се институциите да реагираат, имајќи предвид дека дел од луѓето кои одат на сеанси кај Кајшаров постои можност да се луѓе со кревко психолошко здравје злоупотребувани и доведени во заблуда.

Back to top button
Close