(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Милитантите на Хамас ладнокрвно убија четворица израелски цивили

Се појави ново видео на кое милитантите на Хамас грабнуваат невини израелски граѓани од нивните домови и ладнокрвно ги убиваат.

Автентичноста на видеото беше потврдена од „Вашингтон пост“. На него се прикажани неколку трупови на улица во Беери, кибуц во јужен Израел, неколку метри од местото каде што милитантите на Хамас снимале киднапирања на луѓе кои ги користеле како заложници.

На оригиналното видео се гледаат четворица израелски граѓани како насилно се влечени од терористите на Хамас.

Дел од киднапираните граѓани се движеле боси, со раце врзани одзади. Најверојатно биле насилно извлечени од нивните домови.

Back to top button
Close