(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Најмалку 12 лица загинаа во стампедо на стадион во Ел Салвадор

Најмалку 12 лица загинаа, а десетици се повредени во стампедо што се случи на фудбалскиот стадион во градот Кускатлан, во Ел Салвадор, соопшти националната полиција.

Стампедото се случи кога навивачите пробија една од портите на стадионот „Монументал“ за време на четвртфиналниот натпревар од националната фудбалска лига меѓу клубовите Алијанс и ФАС во Кускатлан, на околу 41 километар североисточно од главниот град Сан Салвадор, пренесува АП.

Најмалку двајца од повредените кои се пренесени во болници се во критична состојба, соопшти полицијата.

Back to top button
Close