(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) „НЕ МЕ УБИВАЈ, НЕ НЕ НЕ! Хамас киднапира студентка на музички фестивал 

На социјалните мрежи е споделено вознемирувачко видео од киднапирањето на млада Израелка.

Седејќи на предниот дел од мотоциклот на терористот со раширени раце кон своето беспомошно момче, студентката Ноа Аргамани моли за нејзиниот живот и вреска: „Не ме убивај, не, не, не“ – но вооружениот напаѓач брза, а Ноа не е видена оттогаш..

Нејзиното момче Ави Нејтан е оставен во пустина, вознемирен и беспомошен.

Потоа и тој исчезнува без трага.

Родителите дури кога го виделе видеото дознале за киднапирањето

Замислете како му е нејзиното семејство – искоментира нејзиниот цимер од универзитетот Амир Моади.

Откриле дека таа била киднапирана дури кога наишле на видео на интернет.

Заедно со стотици други млади Израелци, Ноа и Ави уживаа на музички фестивал во пустината кога беа принудени да бегаат за да си ги спасат животите од терористите на Хамас

Back to top button
Close