(Вознемирувачко видео)  Пи Диди ја соборува поранешната девојка, ја клоца, па ја влече по подот

Си-ен-ен објави шокантно видео од надзорните камери на кои се гледа како славниот рапер Пи Диди насилно ја нападнал својата поранешна девојка Кеси во хотел во 2016 година.

Содржината на видеото во потполност се совпаѓа со изјавата која Кеси ја дава пред истражните органи.

На видеото, до кое дојде Си-Ен-Ен, се гледа како раперот, чие вистинско име е Шон Комбс, без кошула со крпа завиткана околу половината, ја брка Кеси низ ходникот.

Додека се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за задниот дел од главата и ја треснал на земја.

Потоа ја удрил со нога додека таа лежела неподвижна на земја, пред да ѝ грабне две чанти со кои се обидела да избега.Диди застана над неа, повторно ја клоцна, а потоа ја влече назад во нивната соба.

Вознемирувачката снимка е направена во хотелот Интерконтинентал. Два дена подоцна, парот се појави на црвениот тепих држејќи се за рака за премиерата на „Совршениот натпревар“.

Американскиот рапер Пи Диди во ноември минатата година се спогоди со својата поранешна партнерка Кеси.

Back to top button
Close