Вознемирувачко видео) По расправија со сопругата ја зема ќерката (3) како заложник и застана на прозорецот со нож

Таткото М.Д. по расправија со сопругата, со закана со нож, ја држеше нивната тригодишна ќерка на прозорецот од станот, заканувајќи се дека ќе ја фрли.

Припадниците на специјалната полициска единица го неутрализираа осомничениот пукајќи во него, објавува Хаберлер.

Инцидентот се случи во станбена зграда во населбата Пијаде во Анкара.

По пријава од граѓани кои го виделе осомничениот како го држи девојчето за облека и го спушта низ прозорецот, на местото на настанот биле испратени полициски, противпожарни и медицински екипи.

Преговарачкиот тим на полицијата се обидувал да го убеди М.Д. да се предаде, но залудно. Припадниците на специјалната полиција го застрелале и го неутрализирале.

Полициската управа во Анкара издаде соопштение во врска со инцидентот:

„Бидејќи лицето, и покрај обидите да го убедат да се предаде, не се предаде и продолжи со дејствија што го загрозија животот на детето, беше спроведена интервенција. Како резултат на интервенцијата, детето беше спасено, додека лицето беше неутрализирано со повреди. За време на интервенцијата беше повредено и нашето службено полициско куче, чие лекување е во тек. Судските постапки поврзани со овој настан продолжуваат со должно внимание“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close