Возовите повторно сообраќаат, прекинат бојкотот на машинскиот и извршниот персона

Возовите во земјава повторно сообраќаат. Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ го прекина бојкотот откако е договорено раководството на компанијата во понеделник да им го исплати надомесетокот за материјалните трошоци.

 

-Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник, изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.

 

 

 

 

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово беше во прекин поради неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Бојкотот беше согласно Одлуката од ноември лани која предвидува најдоцна до 25 во месецот на машинскиот и извршниот персонал да им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, а најдоцна до 10-ти во месецот да ги добијат и материјалните трошоци.

Утрово, пред седум часот, сообраќаа само две лини, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот беше во целосен прекин

Back to top button
Close