Возовите во Германија речиси запреа: Тридневниот штрајк на машиновозачите направи сообраќаен хаос

Голем дел од Германците денеска останаа без железнички превоз поради тридневен штрајк на железничкиот сообраќај. Тоа го влошило сообраќајниот хаос во најголемата европска економија, каде и земјоделците ги блокирале патиштата во знак на протест, објави Ројтерс.

Штрајкот е најавено да трае од денеска до петок навечер, а го организирал синдикатот на машиновозачите. Тоа го принуди националниот железнички оператор Дојче Бан да го намали распоредот на сообраќајот на минимум во случај на вонредни ситуации.

Само една од петте брзи железнички линии на долги релации е активна, а регионалната услуга е масовно разредена,изјавил портпаролот на Дојче Бан на централната железничка станица во Берлин.

На станицата во Келн, на западот на Германија возниот ред беше радикално променет.

Првиот човек на синдикатот на земјоделци денеска изјави дека протестите со трактори и камиони само ќе се интензивираат.

Штрајковите и протестите вршат огромен притисок врз коалициската влада на канцеларот Олаф Шолц, која се соочува со зголемени економски проблеми.

Конфликтот меѓу властите и железничарите за платите и работното време тлее веќе подолго време, а повторно се разгоре по тринеделното Божиќно примирје. За тоа придонесе и одбивањето на судот да го блокира одржувањето на последниот штрајк на барање на Дојче Бан.Синдикатот бара намалување на работната недела за работниците во смени, од 38 на 35 часа, со задржување на сегашните плати.

Дојче Бан покажа флексибилност во однос на работната недела, но одбива да ја намали без намалување на платите.

Операторот верува дека исполнувањето на барањата на синдикатот би значело зголемување на трошоците за персоналот за 50 отсто, делумно поради тоа што ќе мора да вработи повеќе работници, при што Германија се соочува со недостиг од обучени работници.

„Подготвени сме да направиме компромиси и постепено да го намалуваме бројот на работни часови неделно, така што работодавачот има можност да обучи (нови) кадри“изјави шефот на Синдикатот, Клаус Веселски.

Машините на товарни возови исто така штрајкуваат до петок, што предизвикува загриженост за синџирите на снабдување, бидејќи речиси една петтина од товарниот сообраќај во Германија се врши со железница

Back to top button
Close