Впишувањето на Бугарите во Уставот е штетно колку и ветото, вели Младенов од БКК – Скопје

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија може да го реши спорот меѓу двете земји, колку што може и ветото на преговорите со Европската унија. Со таков чекор, ќе се создаде нова поделба по национални линии, која никому не му е потребна, вели во интерјвју за Дневник.бг основачот и претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје, Лазар Младенов.

„Што ќе решиме со впишувањето сега? Ништо. Има и уште еден проблем. Дали политичарите во Софија се сигурни дека опозицијата во Северна Македонија, поточно ВМРО-ДПМНЕ, ќе прифати таква идеја? Ако не прифатат, има проблем со гласањето за да стапи тоа на сила (потребно е двотретинско мнозинство во Собранието за измени во Уставот, што е недостижно без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ). Јас лично не сум за тоа. Едноставно, нема разлика меѓу нас и луѓето кои се определуваат како Македонци. Почитуваме исти дејци, славиме исти празници, пееме исти песни. Тоа само ќе доведе до нови поделби во македонското општество“,

 

вели Младенов.

Тој го обвини бугарскиот претседател Румен Радев дека ги изолирал, но, вели дека има доверба во новата Влада, предводена од премиерот Кирил Петков, која му влева надеж, иако немал можност со Петков да разговара за ова прашање за време на неговата посета на Скопје.

Младенов тврди дека има многу Бугари кои јавно не се декларираат, но дека и тие се против политики на поделби, блокади, ултиматуми, вето.

„Јас и моите колеги и роднини коишто не прочитале ниту една книга за историјата, туку само слушаат пријатели и колеги и учат историја од училиштата, сме иста крв, но, тие се определуваат како Македонци, а јас сум Бугарин – вели Младенов.

Според него, процесот на ребугаризација е сличен со процесот на дебугаризација.

 

 

Back to top button
Close