Вработен во јавно општинско претпријатие во тетовско наплаќал на граѓани и парите наместо во благајна, си ги ставал во џеб
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(49) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Во текот на 2023 и 2024 година, пријавениот како вработен во јавно општинско претпријатие вршел наплата во домови кај корисници во селата Милетино и Блаце, тетовско, а паричните средства не ги предал во благајната, туку ги присвоил за себе.