Вработен во „Македонски железници“ повреден од струен удар при извршување работни задачи во Скопје

Вработен во „Македонски железници“, З.А. (60) од Неготино, вчера бил донесен со изгореници од струен удар во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје, а според пријавата во СВР Скопје,  повредата се случила додека извршувал работни задачи во Скопје.

– На 20.03.2026 во 09:49 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје – наведува Министерството за внатрешни работи во дневниот Билетн.

Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор.

Back to top button
Close