Вработен во маркет истепал 81-годишен скопјанец

Вчера попладне, околу 15.45 часот, 81-годишниот К.П од Скопје пријавил во полиција дека во текот на вчерашниот ден бил истепан на подрачјето на Карпош, наведено е во полицискиот билтен.

„На 22.04.2022 во 15.45 часот К.П.(81) од Скопје, пријавил дека на 21.04.2022 околу 15.15 часот на подрачјето на Карпош откако излегол од маркет двајца од вработените му рекле да ја врати корпата која што ја носел со себе, а кога пријавителот рекол дека сака да ги однесе продуктите до неговиот дом, бидејки живеел блиску, едниот од нив физички го нападнал. Се работи на расчистување на случајот“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

 

 

Back to top button
Close