Вработен во телекомуникациска компанија трагично загинал во охридско Елшани

Четириесет и осумгодишен работник загинал откако паднал од бандера додека извршувал работни задачи во охридското село Елшани.

Несреќата вчера во 14:40 часот била пријавена во СВР Охрид.

Станува збор за Н.К.(48) од селото Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите

Back to top button
Close