Вработена во Општина Тетово: Одлуката на Касами е како гром од ведро небо, ќе одам на суд!

Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами денеска информираше дека ќе раскине 350 договори на дело со вработени во неговата општина. Тој додаде дека, меѓу нив имало лица кои воопшто не се појавувале на работа а добивале плата.

Таквата одлука не и се допадна на Силвана Антовска, која три години работела во Општина Тетово во секторот „образование“.

„Оваа одлука на градоначалникот Касами е како гром од ведро небо за нас. Немаше претходно никаква најава и не се соочив со некакви проблеми или притисоци за време на моето работење во Општината. Сега сме на улица. Деновиве ќе добиеме решение за поништување на договорот и ќе ја барам правдата на суд“, изјави Антовска за „Фокус“.

Back to top button
Close