Вработена во здравствена установа во о. Аеродром нападната на работното место

МВР информира дека вчера попладне во 13:30 часот во СВР Скопје, З.Х.(22) од Скопје пријави дека во понеделникот на работното место во здравствена установа на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, З.Ј. агресивно се однесувал кон неа и физички ја нападнал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close