Вработени во ЈСП протестираат пред Владата


Вработените во ЈСП денеска го почнаа протестот пред Владата и пред останатите институции, поради неисплатата на заостаната плата.

Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП вчера најавија дека ќе штрајкуваат се додека не се реализира ветеното, но вработените нема да ја прекинуваат работата.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вчера оцени дека станува збор за сериозен долг и најави дека автобусите на ЈСП „од утре ќе бидат пред Владата и останатите институции, се додека не бидат подмирени долговите кон ова јавно претпријатие”.

– Автобусите на ЈСП ќе возат до оној момент додека можат. И ние она кое што е наша услуга, ќе се обидеме доследно до последниот момент да го испорачаме до граѓаните. Автобусите кои нема да сообраќаат, ќе останат пред Владата и ќе ги ставиме пред сите институции до моментот додека не си ги исполнат своите обврски, рече Арсовска.

Од Владата пак, ги отфрлија обвинувањата за каков било долг кон Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје”.

Сабајлево, поради дојава за бомба, јавниот автобуски превоз беше во прекин.

Back to top button
Close