Вработените во администрацијата кои не примиле покачена минимална плата, разликата ќе ја добијат по усвојување на законски измени кои се во Собрание

Сите вработени во јавниот сектор кои нема да добијат минимална плата за март во износ од 18 илјади денари, разликата ќе ја добијат откако во Собранието ќе бидат усвоени законските решенија кои тоа треба да го овозможат.

-При носењето законското решениа за минимална плата од 18 илјади денари јас кажав дека сите вработени во јавниот сектор ќе ја добиваат. За тоа е потребно да се изменат одредени закони кои во моментов не се изменети и се во собраниска процедура, поради што Владата веќе минатата недела донесе заклучок со којшто ќе биде овозможено оние коишто нема во овој месец да ја добијат платата до 18 илјади денари таа разлика да им биде исплатена веднаш штом ќе биде донесе законот соодветен за административни службеници, иајзаи премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната посета на реновираниот оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести.

Back to top button
Close