Вработените во државните универзитети имаат зголемување на платите за 14%, изјави Јаневска
„Градиме партнерски однос со синдикатите. Преку конструктивен социјален дијалог, успеавме да ги зголемиме платите во високото образование. Од јануари годинава, поголемиот дел од вработените на државните универзитети имаат зголемување на бруто платите, без минатиот труд, во просек за околу 14 %. За помал дел од вработените зголемувањето е во просек за околу 8 %“, посочи Јаневска.
Годинава буџетот на УКИМ е зголемен за 1,5 милијарда денари. Од ланските 2,2 милијарди денари, оваа година достигна 3,7 милијарди денари.
„Сѐ ова покажува дека Владата и Министерството за образование и наука се решени да направат реален исчекор во квалитетот на образованието, вклучително и на високото образование. Затоа ги зголемивме вложувањата, но секогаш јасно кажувам дека и нашите очекувања од академската фела се големи“, укажа Јаневска.