Вработените во Државното правобранителство на протест бараат повисоки плати, во спротивно најавуваат штрајк и блокирање на експропријацијата

Вработените во Државно правобранителство денес започнаа протести поради незадоволство од неисполнетото барање за покачување на додатокот на плата. Тие најавија дека доколку не им се исплати додаток на плата во висина од 30 отсто, ќе стапат во штрајк. Тоа, како што рекоа, значи дека нема да ги работат и предметите од експропријацијата на парцели низ кои минуваат, автопатските сообраќајници што се градат, односно имотите на трасата на коридорите 8 и 10.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски на прес-конференција по средбата со членовите на синдикалната организација рече дека протестот, кој ќе трае секој ден по два часа, ќе биде во сите подрачни единици.

„Претставници на Владата пред некој ден токму во Гостивар, изјавија дека до нова година ќе се завршат сите постапки за експропријација и дека само за два месеци се завршени 2 432 предмети за експропријација. Само во Гостивар се завршени 1 300 предмети и уште две илјади други. Постапките се само дел од работните задачи на вработените кои се адвокати на државата. Нивната основна задача е да ги штитат интересите и имотот на државата. За жал во изминативе години таа заборави на нив“,рече Деаноски.

Тој посочи дека од постапките за експропријација зависи и рокот за изградбата на автопатиштата, а нив како што нагласи ги водат вработените во Државното правобранителство.

Првиот човек на УПОЗ напомена дека до сега биле побарани средби со владини претставници за нивните барања, но сè уште не добиле одговор.

Во државните правобранителства има 118 вработени а просечната исплатена плата која ја добиваат вработените изнесува околу 28 000 денари

Back to top button
Close