Вработените во игри на среќа на протест пред Собрание


Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) денеска пред Собранието од 12:00 – 13:00 часот ќе одржат јавен собир.

Изјави за медиумите ќе дадат претседателот на АСОМ, Васко Илијевски и претставникот од АПИС, Горан Стоименов.

За време на собирот најавено е и затворање на улицата „11-ти Октомври“ пред Собранието, а се очекува присуство и на голем дел од вработените од секторот на игри на среќа.

Поводот е закажаната седница на Комисијата за европски прашања каде на дневен ред е второ читање на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Предлог законот, согласно Заклучокот од првото читање на седницата одржана на 27.12.2023 г., беше изгласан за прифатлив, со што истиот денеска се наоѓа на натамошно, односно второ разгледување, што е на чекор пред конечно донесување на пленарна седница во Парламентот.

Ова, според АСОМ и АПИС води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени.

Back to top button
Close